0 коментари 2 мин. читање 4 септември, 2015

Камерите со кои го надгледувате вашето бебе не се безбедни

Камерите со кои дел од родителите ги надгледуваат своите новороденчиња не се безбедни, и ова не би требало да биде изненадување за никој. Бројот на уреди поврзани на Интернет кои се почесто се покажуваат подложни на хакерски напади е огромен, вклучувајќи огромен број на камери за мониторинг, па без сомневање камерите за бебиња не се исклучок.

Сите камери кои ги тестираше тимот на Rapid7 беа подложни на напади, без разлика дали станува збор за непроменети лозинки или некриптиран сообраќај. Кога се во прашање овие камери, поголемата цена не значи поголема безбедност, напротив, поскапите камери доаѓаат со повеќе опции и функционалности, што им овозможува на хакерите да ги нападнат корисниците на повеќе начини. Како што е случајот со стандардните камери за надзор, ниту кај овие камери најчесто се користи камерата од производителот, што значи дека хакирањето е супер едноставно.

Дополнително овие камери преку стрим го испраќаат видеото до компјутер или апликација за паметен телефон, стримот не е криптиран, па вешт напаѓач може да го хакира и компјутерот или телефонот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top