0 коментари 1 мин. читање 7 септември, 2015

Apple има патент за батерија на iPhone која ќе трае со недели

Тоа што нема никакви изгледи за некоја технологија да биде применета во догледно време, никојпат не го спречувала Apple да ја патентира истата. Овој пат компанијата побара интелектуална сопственост за батерија за iPhone која ќе биде идентична како и оние кои се користат во автомобилите, вели Mashable.

Барањето за патент е прилично широко, а како гориво се предлагаат куп решенија од: горивни ќелии, до литиум хидрат и микс од вода и водород. Сепак и покрај проблематичната изведба, идејата на Apple е добра, а батерија која ќе овозможи денови или недели без полнење на телефоните би била навистина одлично решение. Сепак барањето за интелектуална сопственост за волку широка област е една од причините зошто системот за патенти треба итно да се поправи за да има простор за иновативни и конкретни технологии.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top