0 коментари 1 мин. читање

Thunderbolt 3 доаѓа со стандарден USB-C конектор, и брзина која префрла 4K филм за 30 секунди

Thunderbolt 3 кабелот e способен да пренесе филм со 4K резолуција за помалку од 30 секунди. Иако тоа е фасцинантна брзина, сепак поинтересната вест е дека ќе доаѓа со новиот стандарден USB-C конектор, јави Intel. Брзината на проток кој ќе ја овозможува новиот кабел е 40Gbps или двапати побрзо од 20Gbps на Thunderbolt 2.

Покрај имресивните можности за преност на податоци, Thunderbolt 3 ќе овозможу побрзо полнење, бидејќи овозможува проток на електрична енергија со моќност од 100W. Една од можности кои би се овозможиле со брз трансфер на податоци е додавање на екстерна графичка картичка на ноутбук компјутер, па корисниците ќе можат да ги играат најновите видеоигри на послаб компјутер.

Intel работи на три верзии на новиот Thunderbolt 3 кабел: бакарен со проток од 20Gbps и USB 3.1 поддршка, DisplayPort 1.2 и 20Gbps Thunderbolt и 40Gbps бакарен кабел. Покрај ова Intel работи и на 40Gbps оптички кабел кој би требало да биде достапен следната година.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top