LEGO претстави конкурент на популарната Minecraft

Најпознатите коцки за градење во светот, LEGO. наскоро пристигаат и во виртуелниот свет. LEGO Worlds не е првата игра со лего коцките, но овојпат станува за игра која ќе биде директен конкурент на популарната Minecraft, бидејќи со коцките ќе може да се креираат фантастични светови и инфраструктури.

Играта е достапна во рана фаза на Steam и чини 15 евра. Покрај неа на најголемата продавница за видеоигри има куп други LEGO игри, главно рекреирање на популарни филмови, кои сепак се неверојатно забавни. Тоа што е непознато е дали како и во реалноста за различни коцки корисниците ќе треба да купуваат DLC или експанзии, што можеби и не е посакуван развој за гејмерите.

Главна конкуренција на LEGO Worlds секако ќе биде Minecraft, која веќе зафаќа прилично голем дел од пазарат и има неверојатно талентирани и посветени играчи. Токму заразноста на Minecraft е причината поради која Microsoft му исплати неверојатни 2.5 милијарди долари на креаторот на Minecraft. Доколку не сте убедени дека LEGO коцките се за возрасни, погледнете го TEDx говорот на Хилел Коперман.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk