Доцнењето на законите за авторски права зад можностите кои ги нуди Интернет е причина за пречки за размена знаење и културна размена, вели евро-пратеничката Џулија Реда. Г-ѓа. Реда е една од ретките пирати во Европскиот парламент, поточно таа е член на германската Пиратска партија која стана се попопуларна во последниве неколку години во Европа бидејќи се залага за нови законадавства за дигиталниот свет.
Можеби најпрепознатлив пример за овие пречки е YouТube пораката: „This video is not available in your country“. Недостатокот на единствен дигитален пазар е причина поради која претплатниците иако платиле за одредена услуга не можат да го користат сервисот, да изгледаат видео или да пристапат до популарна содржина која би требало да им биде достапна, без да пристапат до „креативни“ решенија, како крадење и пиратирање на содржина.
„Во дебатите во парламенот постојано се користи истиот аргументот при секој обид за надминување на овој проблем: Геоблокирање е клучно за да се заштити европската културна различност“, вели таа во својот пост.
Но, г-ѓа. Реда додава и дека последица од ова практикување на „заштита“ на европските културни различности е затворање на уметниците во мали пазари, но примената на овој закон ги осакатува и сите иновативни медиумски компании кои се принудени дистрибуцијата на своите содржини да ја остават на прекуокеански компании.
„Ризикуваме европските уметници да видат заробеници на вештачките државни граници, оневозможувајќи им пристап до глобална публика“.
Таа вели дека културата и знаењето мора да бидат јавно достапни до сите, вклучувајќи ги тука и истражувањето и образованието. Обидите наместо ова вештачки да наметнеме ограничување, преку закони и технолошки бариери е одговор кој конечно ќе биде неодржлив и неспорведлив, а ефектите од кој ќе бидат предизвикани од обидоте да се задржи сакашниот закон ќе бидат контрапродуктивни и ќе и наштетат на европската култура, заклучува евро-пратеничката Реда.