0 коментари 2 мин. читање

The Guardian стартува пребарувач на вести кој го користи Twitter

Содржината на онлајн верзијата на Вест од денес е зад „платежен ѕид“, а корисниците само ќе ја добијат оригиналната печатена верзија без никаква мултимедијална поддршка, ниту пак интеграција со друштвените мрежи. The Guardian од друга страна пак, и покрај тоа што дигиталното издание на овој англиски весник е бесплатна, експериментирајќи со друштвените мрежи пушти во употреба алатка за пребарување базирана на Twitter.

Станува збор за алатката @GuardianTagBot која им овозможува на читателите да бараат статии користејќи го својот Twitter профил. Доколку сакате да најдете нешто, твитнете на @GuardianTagBot тоа што сакате да го најдете, и ќе добиете Twitter одговор со линк од страница на која има вести поврзани за тоа што го барате. Тука ќе бидат прикажани најновите содржини објавени на The Guardian, кои TagBot сметал дека ги барате. После 3.000 барања дневно, TagBot престанува да работи, и твитнува кога е надвор од употреба.

Алатката е сè уште во бета, па од The Guardian наведуваат дека алатката можно е да прави грешки, и во својот блог имаат примери за тоа како можете најточно да го добиете тоа што го барате. The Guardian наведуваат дека прашањата треба да бидат што попрецизни и концизни, бидејќи TagBot алатката пребарува по тагови.

Guardian исто така подготвува друштвена платформа n0tice која е локациска мрежа и пребарувач на вести. Сервисот е во затворена тест фаза, но според тоа што е најавено ќе може едноставно да се бараат локални вести, но и да се споделуваат настани и други локални информации поврзани.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top