1 коментар 2 мин. читање 28 октомври, 2011

Livestream најави целосен редизајн, ќе стане поинтерактивен и подруштвен

Стримањето настани, конференции, и концерти, во последно време е навистина популарно, толку што дури и YouTube пред неколку месеци стартуваше таков сервис, наречен YouTubeLive. Еден од најпопуларните веб сајтови за стримање видео во живо, Livestream, најави дека ќе биде целосно редизајниран, задржувајќи ги моменталните опции, но збогатувајќи се со друштвени и мултимедијални алатки.

Со новиот редизајн Livestream, корисниците  сега ќе можат да ја комбинираат стриминг опцијата со закачување фотографии во реално време, текстови, како и кратки видеа. Ова подобрување ќе овозможи поголема интерактивност како и целосно внесување во настаните кои се одвиваат во живо. Сето ова ќе биде без проблем интегрирано со најдобрата HD технологија за стримање во живо.

Новиот Livestream ќе биде збогатен со плеер кој  автоматски ќе се подесува во зависност од концекцијата и моќта на компјутерите на гледачите.Овој плеер најмногу ќе овозможува 720p HD, а ќе содржи и можност да се враќа снимката, и со тоа да не се пропушти ниту еден миг од настанот.

Livestream има вградено целосна друштвена мрежа составена од видео во живо и чет, овозможувајќи им на гледачите да ги следат каналите и да добиваат нотификации кога ќе биде достапна нова содржина. Корисниците можат да откриваат нова канали преку следење на своите пријатели.

Првиот партнер на новиот редизајниран Livestream е трката во едрење Volvo Ocean Race, која е една од најбараните спортски настани во светот. Livestream ќе им овозможи на сите љубители на овој спорт во живо да го следат целиот настан. Новиот Livestream целосно ќе биде отворен до април 2012.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
@Paketov
14 years ago

Livestream getting more friendly.I don't like that. :D

Мени
Заедница
Изглед
To top