Иднината според Microsoft

во Свет

Microsoft претстави ново видео кое покажува како компанијата замислува технологијата да напредува, и како би изгледала во наредните десет години. Оваа замисла на Microsoft се базира на трендовите кои нивните инжинери и истражувачи ги гледаат во софтверите, уредите, екраните, сензорите, процесорите и интелигентните системи.

Во видеото можат да се видат навистина интересни концепти кои многу би го олеснале живеењето. Пример за ова се наочарите на почетокот од видеото, кои на главниот карактер му овозможуваат директен аудио превод. Потоа на стаклото од автомобилот, влечејќи информации од календарот, се потенцира зградата во која протагонистот наредниот ден треба да има состанок. Во видеото прикажани се уште многу интересни примери за тоа како технологијата ќе ни ја подобри продуктивноста, а исто така прикажано е и како ќе изгледаат идните паметни телефони, таблет компјутери, па и десктоп компјутери.

Според замислата на Microsoft, интелигентните системи ќе ни помогнат да го користиме времето поефикасно, фокусирајќи го нашето внимание на тоа што е важно, како и овозможувајќи ни да градиме посилни врски со луѓето кои ни значат. Според Дејвид Џоунс, главниот човек во Microsoft за предвидување на развојот на технологија, во видеото е прикажана проширена дефиниција за продуктивност каде што не е важно само да се заврши нешто, туку да се работат вистинските работи, да се работат како што треба, како и да се ужива во тоа со други луѓе.

Ова видео е продолжение на видеото „Office 2019“ од 2008, во кое Microsoft прикажува таблет компјутери, за потоа да биде претркан од Apple. Ова значи дека истото може да се случи и со прикажаната технологија во новото видео. Но сепак ваквите видеа служат да се претстави визијата на Microsoft, и да им покаже на корисниците што да очекуваат од идната технологија на компанијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk