Кога излезе The Bard’s Tale 4 многу фанови на серијалот ја прифатија играта со раширени раце. The Bard’s Tale 4: Barrows Deep успеа да освои 71 поен на Metacritic, што, иако е висока оценка, сепак остава простор за дополнителни доработки. InXile се повеќе од свесни за ова. Авторите на хитовите како Wasteland 2 и Torment, го поминаа добриот дел од последниве година дена на усовршување на гејмплеј механиките, како и на графичкиот дел.
The Bard’s Tale 4: Barrows Deep – Director’s Cut ќе се надоврзе на 2.0 надополнувањето, кое беше најавено пред неколку месеци, и ќе понуди бесплатна нова зандана, со нов заплет и нови непријатели, како и нова опрема и дворфски оружја. Надградбите на графичкиот енџин се стремат да ги подобрат перформансите и стабилноста, да понудат подобар визуелен стил, заедно со нови портрети, подлабоки опции за локализација, и бројни други балансирања за поисполнително играње.
Со сево ова, доаѓа и можност за филтрирање на инвентарот, нешто што би требало значително да ги олесни вашите пребарувања низ спечалениот плен. Song of Exploration ќе биде од особена корист за сите оние на кои им се крева косата од бројните загатки. Со овој новитет, лесно ќе можете да ги прескокнете сите загатки и целосно да се фокусирате на делот со битките.
Излегувањето на The Bard’s Tale 4: Barrows Deep – Director’s Cut се очекува на лето. Само по неговото излегување, InXile конечно ќе може да се фокусира на финализирање на верзиите за Mac и Lunux, така да, доколку Windows не е вашата омилена платформа, ќе мора значително подолго да почекате за четвртиот продолжеток.
Прочитајте за сите промени тука!