Microsoft обвини руските хакери за напади врз европски невладини организации

Microsoft ја обвини групата Fancy Bear за сајбер напади врз групи за заштита на граѓански слободи во Европа. Компанијата ова го објави на својот блог, во најавата за проширување на Microsoft AccountGuard во Европа.

Компанијата не ја спомена Русија, но во објавата е споделен текст на Politico во кој е обвинета Русија за мешање во изборите во Европа. Цел на нападите се неколку организации: Германскиот совет за надворешни односи, Аспен институтите во Европа и The German Marshall Fund. Само во овие три организации компанијата пронајде 104 профили кои се нападнати, а вработените се во неколку држави. Вработени од овие тинк тенкови и невладини организации кои се цел на напад се пронајдени во Белгија, Франција, Германија, Полска, Романија и Србија.

Microsoft за нападите ја обвини групата „Strontium“. Оваа група веројатно е попозната под името „Fancy Bear“. Голем дел од безбедносните експерти ја поврзуваат оваа група со руските власти. Хакерите од оваа група се осомничени за повеќе напади, а веројатно станаа најпознати по објавувањето на податоците на Демократската партија во САД и обвинувањата за мешање во изборите во САД.

Групата е исклучително вешта. Во рангирањето на безбедносните експерти CrowdStrike руските државни хакери се далеку пред останатите. Компанијата проценува дека на „мечките“ им се потребни помалку од 18 минути  за да почнат да се шират штом успеат да компромитираат една влезна точка. На второ место на оваа листа се хакерите од Северна Кореја кои сепак се 7 пати побавни и нивното просечно време е 2 часа и 20 минути, пренесе Security Week.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments