Има нов локален играч на пазарот на таблет компјутери. Станува збор за Tesla Тablet 7.85, првиот српски таблет компјутер, кој се рекламира како „достоен на своето име“, алудираќи на познатиот изумител со српско потекло Никола Тесла. Таблетот е изработен од српската компанија Comtrade, во соработка со Intel, кој вгради Intel Atom Z2580 2.0GHz процесор изработен во 32 nm технологија.
Tesla доаѓа со 7,85-инчен ISP дисплеј осетлив на допир со резулуција 1024х768. Работи на Android Jelly Bean и има PowerVR SGX544 графички процесор кој овозможува репродукција на Full HD видео, а според производителот е доволно моќен да овозможи и незаборавно гејминг искуство и врвно мултимедијално доживување. Има и 1 GB RAM и 16 GB слободен простор и можност за проширување со microSD картичка од 32 GB. Покрај ова, Tesla доаѓа со две камери задна од 5МР и предна 2 MР камера. Батеријата е 3.750mAh што е доволно за 7 часа гледање видео или сурфање на интернет, вели Telegraf.rs кои први го рецензираа уредот. Сето ова е спакувано во 199,5 х 135 х 7 милиметри. Tesla чини само 120 евра, но поради популарноста, ретко кога е достапен во продавниците.
Само ја продаваат генеричката верзија на овој производ под брендот Тесла
http://shenchuang.manufacturer.globalsources.com/…
Истата работа може да се купи по двојно помала цена