Solidoodle креира 3Д принтери кои се наменет пред се за домашна употреба и ентузијасти на кои не им е потребен квалитетот на поскапите 3Д принтери. Сепак, новиот производ Solidoodle Press е наменет и за професионалци и за почетници, пишува The Verge. Solidoodle Press доаѓа во затворена варијанта која помалку наликува на рерна. Уредот доаѓа со подлога за моделот која се загрева за да се намали деформирањето на пластиката. Дополнително за да се подобри квалитетот на финалните модели Solidoodle редизајнира делови од принтерот со што ќе се намали опасноста од заплеткување на пластиката. Press овозможува принтање на модели до 20 сантиметри (8 инчи).
Во текот на прпмоцијата принтерот ќе чини околу 350 долари, а потоа ќе доаѓа за 400 долари. Една од предностите за купувачите на Solidoodle е поддршката со 3Д модели подготвени за принтање кои можат да се преземат од сајтот на Solidoodle. За сите на кои модели од 20 сантиметри не се одоволно големи, Solidoodle го креираа Solidoodle Workbench кој чини 1.300 долари, но може да принта модели со димензии 30х30х30 сантиметри. Тука е Workbench Apprentice на кој може да се изработуваат двобојни модели со големина од 15х15х20-сантиметри. Цената на Apprentice е 800 долари.
Со излегување на новите принтери компанијата ќа ја намали цената на постоечката колекција, па Solidoodle 4 ќе доаѓа за 500 долари, односно 100 долари поевтин отколку што се продава во моментов.
[youtube]Byz8V3H4Wuo[/youtube]