Интернетoт победи повторно! Парите собрани за салатата од компири ќе се донираат

во Свет

Интернетот не би бил Интернет ако некој лудак не направи глупост која ќе биде поддржана од илјадници луѓе, глупост која ќе ги насмее сите, но подоцна ќе се претвори во одлична идеја која ќе ги охрабри останатите. Најпознатата салата од компири од обична шега се претвори во хуманитарна акција со која ќе се донираат пари за бездомниците и сиромашните луѓе во Охајо, САД.

Приказната зад овој луд проект започна пред околу месец дена, кога на сервисот за групно вложување Kickstarter беше постиран проект за салата од компири – апсолутно обична салата – која на почеток беше сфатена како пародија на концептот на краудфандингот, дека ете секој може да стави глупава идеја во која ќе се фрлат пари од стотици интернет корисници од разни земји. Се што треба да се успее, е да се направи добро видео и да се зборува како да сте дизајнер од Apple.

Неверојатно, салатата собра 500.000 отсто повеќе пари од 10-те долари што ги бараше, односно 55.492 долари од над 6.900 поддржувачи. Но, Зек Dаnger Браун, креторот на салатата, се одлучи да не ги стави вишокот пари во џеб, туку да организира бесплатен музички фестивал, Potatostock 2014, на кој ќе се донираат пари за бездомниците од Централно Охајо. Идејата е да се креира фонд кој ќе генерира пари секоја година за непрофитните организации кои работат со бездомници, пишува Gizmodo.

[youtube]SCPbIW7JCTE[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments