Tesla Model S P85D е спортска верзија на познатиот електричен автомобил, но освен што е подобар и побрз електричен автомобил, новата P85D верзија е и поскапа. Овој модел чини 130.000 долари, што е речиси двојно поскап од основниот Model S чија цена е 70.000 долари.
P85D доаѓа со подобри седишта, а и внатрешноста на автомобилот е значително надградена во однос на стандардниот модел. Седумнаесет-инчна командна табла на допир сè уште е интегрален дел на автомобиот, а забелешките се на пластиката која се користи во возилото, кое за цена од 130.000 мора да има далеку подобра внатрешност, велат од Cars Technica, кои имаа можност да го тестираат автомобилот.
„Од една страна недостатоците се минимални, но од друга страна овој автомобил чини 130.000 долари со сите додатоци и според цената треба да го споредиме со BMW 7, Mercedes S, Audi A8, Maserati Quattroporte и останатите ексклузивни модели. Останатите производители кои нудат автомобили по овие цени прават беспрекорни возила, кога е во прашање внатрешноста и надворешноста. Колку да е добар автомобил Model S сеуште не ја достигнал конкуренцијата“, вели Cars Technica.
Сепак Tеsla доаѓа со куп технологија која е интегрирана во автомобилот. Покрај поголемата прегледност која ја овозможена, технологијата овозможува и поедноставно – речиси автоматско управување на автомобилот. Контролата на брзина овозможува автомобилот да ја „прочита“ брзината на возилото пред него и да ја изедначи со сопствената брзина притоа оставајќи простор помеѓу двете возила од една до седум должини на возилото. Доколку возачот сака да го помине возилото пред него автомобилот при започнување на маневарот самостојно забрзува. Благодарение на сензорите Tesla Model S ги „знае“ и играничувањата на брзината на патиштата, а последната брзина прочитана од сообраќајниот знак останува на командната табла како потсетник за возачот.
„Неверојатно искуство беше кога излеговме од главниот пат во помало населено место, автомобилот ја прилагоди брзината со возачот пред нас намалувајќи ја од 75 на 30 милји на час, а потоа застана пред знакот Стоп“, велат рецезентите. Автомобилот постојано прави пресметки и за „горивото“ кое му е на расолагање, па доколку возачот одбере дестинација автомобилот не само што ја селектира рутата, туку ги обележува и локациите каде треба да се застане за да се наполнат батериите. „Columbus постројката беше презна кога пристигнавме го приклучивме автомобилот и гледавме како на командната табла напонот достигна 400V, а струјата 300 ампери. Додека ја поминавме улицата и ги изедовме сендвичите автомобилот додаде енергија за околу 200 милји“.
Во оваа верзија на софтверот сè уште не е имплементирана можноста за автоматско центрирање на возилото на средина на лентата. Оваа опција е најавена дека доаѓа со следната надградба на софтверот која ќе биде достапна налето. Сепак и цената на основниот модел од 70.000 долари во моментов е превисока за најголем дел од корисниците, Tesla Motors недомна најави дека следната верзија Model 3 ќе чини 35.000 долари, односно половина од сегашниот модел. Се очекува цената да падне бидејќи компанијата работи на усовршување на батериите што би овозможило поголем капацитет на батеријата, но и подолготрајно користење пред замената.
Tesla Unveils Dual Motor and Autopilot from Tesla Motors on Vimeo.








