2 коментари 2 мин. читање 26 мај, 2015

ИТ настан: Како да ги преживееш првите 2 години водење стартап?

На нов Startup Grind Skope, закажан за 3-ти јуни од 18 часот, гостува Даниела Милошеска, основач на дизајнерската продавница Bastet Noir. Даниела не беше избрана случајно, туку доаѓа да го прослави Female Founders Month, односно месецот на девојки-претприемачи кои успеваат во предоминантниот машки свет.

Даниела го започна својот стартап пред две години, и веќе успева денес да соработува со целиот свет. Таа ќе зборува како е да се направи првата продажба; како да го брендираш стартапот; и најважно како да ги преживееш првите две години од твојот стартап? Најчесто стартапите пропаѓаат после овие почетни години бидејќи снемуваат пари, но Даниела ќе зборува и како треба да се планираат трошоците и на што треба да се трошат парите.

Интересно, настанот ќе се одржи во првиот co-working простор во Скопје кој ќе започне со работа во јуни. Преку просторот, сместен позади гимназијата Јосип Броз Тито, стартапи ќе можат да си изнајмат канцеларии за работа.

Повеќе за Startup Grind Skopje и за влезниците ќе најдете на официјалната страна.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
novica
11 years ago

Каде е овој coworking space?

Мени
Заедница
Изглед
To top