1 коментар 2 мин. читање

Илон Маск предвидува: „На Марс до 2022 година и патувања од град до град со ракета“

Илон Маск предвидува дека првите ракети ќе отпатуваат на Марс во 2022 година.

Можеби поинтересно е предвидувањето за патување од различни локации на земјата со ракети. Најдолгите патувања ќе бидат покуси од 30 минути, а патниците ќе можат да дојдат до било кое место на земјата за само 1 час. Она што е поголемо изненадување е дека овие патувања ќе чинат колку и билет за авион.

„Иднината ќе биде многу повозбудлива ако патуваме во вселената. Се работи за верба во иднината и доверба дека иднината ќе биде подобра од минатото“, вели г. Маск.

Патувањето од една до друга локација ќе започнуваат со патување со брод до платформата од каде и полетува ракетата. Потоа со ракетата патниците одат во орбита и по 30 минути слетуваат на платформата во близина на својата локација. Space X за ова работи на нова ракета, Big Fucking Rocket или BFR. Првото лансирање на ракетата се најавува до 2022 година. А, до 2024 година компанијата најавува 4 лета до Марс.

Сепак, клучот за успехот на овие вселенски летови лежи во собирање на средствата од сите други проекти и префлање во BFR. Ова значи дека откако Space X ќе произведе доволно Falcon и Falcon Heavy ракети, ќе започне со фокус BFR.

https://youtu.be/zqE-ultsWt0

Што се однесува до патувањето до Марс, г. Маск предвидува дека летовите ќе започнат од 2022 година, а дотогаш треба да има веќе две слетување на црвената планета.

Засега има низа предизвици за остварување на првите летови. За почеток, треба значително да се намали периодот помеѓу лансирањата. За оваа цел компанијата ќе се обиде да направи 20 лета оваа година и 30 лета следната, пренесе TechCrunch.

Сепак, плановите за колонизација на Марс, започнуваат со изградба на база на Месечината. Засега иако оваа идеја е нафрлена, нема премногу објаснувања за Месечината.

Да беа овие планови презентирани од било кој друг тешко е да се поверува дека ќе беа разгледувани сериозно. Сепак г. Маск успеа со неколку подвизи, кои пред Space X беа неверојатни, да ја разубеди јавноста. Досега 16 пати по ред Falcon полета и успешно слета на платформите. Компанијата е толку успешна во овие летови, што веќе не се ниту во главните вести на медиумите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top