Tesla ќе престави батерии што ќе го напојуваат домот

во Свет

Иако Tesla Motors пред се е позната компанија по своите модерни електрични автомобили, сепак во следните неколку месеци би можела да си ја прошири дејноста. Компанијата најавува електрични батерии кои ќе можат да го напојуваат домот. „Ќе претставиме батерија за домовите, батерии достапна за сите, кои ќе можат да се користат во домовите или во компаниите, а ќе биде достапна наскоро“, вели директорот на Tesla, Илон Маск, за Bloomberg.

Компанијата би можела да ја претстави батерија веќе во следните два месеци, но масовно би почнала да се произведува за шест месеци. Идејата не е нова, но имајќи го предвид бројот на идеи со кои постојано излегува г. Маск, пример колонии на Mарс, Вселенски интернет или Tesla за само 35.000 долари, не е изненадување што мина незабележано.

Идејата е дека комбинација на овие батерии и соларни панели во иднина во сончевите предели би можеле да направат дел од граѓаните потполно независни од електричните компании. Дел од аналитичарите веќе прогласија дека батеријата ќе биде „disruptive“-технплогија во САД и во Европа, каде бројот на корисници кои сакаат независнот од јавните претпријатија е се поголем.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk