Tesla има одлична недела

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

На сите кои ја следат состојбата на пазарот со електрични возила најверојатно им е јасна каква е состојбата со Tesla Motors. Компанијата има одличен производ, но нема капацитет за да произведе доволно автомобили.

Tesla доцни со возила кои се продадени во претпродажба и требаше да бидат испорачани пред неколку месеци. Сепак минатата недела, компанијата за прв пат успеа да произведе повеќе од 5 000 возила за една недела. Секако заслужна за ова е новата производна лента која вработените ја составиле за само 3 недели. Г. Маск претходно објави дека проблемот е со фарбањето на возилата, и тука процесот застанувал.

Производството на 5 000 возила неделно секако нема да ги исплаши големите производители кои произведуваат неколку пати повеќе возила. Сепак секако ќе биде доволно да им влее доверба на дел од купувачите на Model 3. Компанијата доби 420 000 нарачки во претпродажба, а досега испорачала 28 386 возила, јави Reuters.

Самото ова е одлична вест за Tesla, но не завршува на ова.

Pacific Gas and Electric излезе со предлог за ново складиште на електрична енергија. Капацитетот на постројката ќе биде околу 182.5 MW во период од 4 часа, вели Engadget. Ова е значително поголем проект од ваквата постројка во Австралија која имаше капацитет од 129MW.

Доколку се е според плановите, проектот треба да заврши или 2019 или во 2020 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments