На 10 јули, во Изложбениот центар Матка, под мотото „Ден на Тесла“ ќе биде одбележан роденденот на Никола Тесла. Настанот главно е наменет за помладите кои секако имаат куп прашања за електричната енергија.
За сите кои ќе го посетат ќе има интересна програма и голем број активности од кои ќе може многу да се научи. Секако ова е и одлична можност децата да се заинтересираат за инженерството уште од најмлада возраст. Еве го распоредот на активности:
11:00 – 12:00 часот
– „Гига мега бајка“
Театар за деца и младинци
*препорачлива возраст: 5-14 години; големина на група: 100
12:00 – 13:00 часот
– Креативна работилница за пишување “Приказни за електрицитетот”
Билјана Црвенковска
*препорачлива возраст: 9+ години; големина на група: до 30
– Уметничка работилница „Никола Тесла и електричната енергија”
проф. Јана Јакимовска
*препорачлива возраст: 6+ години; големина на група: до 30
– Предавањe „Моќта на електрицитетот“
проф. Филип Парталовски
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30
13:00 – 13:10 часот
– Проекција на краток документарец „Тесла ја користи моќта на Нијагарините водопади“
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30
13:10 – 13:40 часот
– Пауза за ручек
*сите учесници
13:40 – 14:40 часот
Експерименти:
- безжичен пренос на енергија
- високо фреквентна наизменична струја
- радио пренос
проф. Владимир Стефановски
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30
Изработка на макети од Lego®
Young Engineers
*препорачлива возраст: 5+ години; големина на група: до 30
За сите кои се заинтересирани ќе има и бесплатен превоз, настанот е бесплатен, но со оглед на ограничениот простор ќе биде потребно да се регистрирате најдоцна до 8 јули. За повеќе податоци може да се обратите и во facebook-страницата на настанот.