0 коментари 2 мин. читање 21 февруари, 2014

Termin.mk сака да ги олесни резервациите во ресторани, спортски центри и игротеки

Затоа што е бесплатен и затоа што заштедува време, вели Филип Стефановски oбјаснувајќи го својот нов веб сервис Termin.mk, чија цел е да ги олесни резервациите во ресторани, спортските-рекреативни центри и игротеки. Termin.mk сака да ви заштеди на време така што ќе ви понуди онлајн пребарување на локации со можност онлајн да го резервирате слободниот термин.

„Од анализата се потврдија и нашите првични проценки, дека на луѓето им е потребен еден ваков веб сервис, и дека дефинитивно би го користиле, пред се поради фактот што е бесплатно и значително го заштедува времето“, вели Филип.

Почетната цел на сервисот е да се најде на мапата на македонската ИТ сцена, привлечувајќи посетители, но и ресторани и спортски центри кои сакаат да добијат промоција и клиенти. Потоа можеби ќе се обезбеди и онлајн резервација, во моментот се резерива со испраќање на барање, а ќе биде креирана и мобилна апликација. Засега Termin.mk е достапен само во Скопје, бидејќи договарање на локација бара помеќе работа; но, ако сервисот расте како што е замислен, планот е да се прошири и во други градови во Македонија и во други области.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top