Telegram ќе го интегрира Grok AI

Популарната платформа за размена на текст пораки Telegram, објави дека во иднина дел од корисничкото искуство на апликацијата ќе биде Grok. Вештачката интелигенција од xAI барем следната година ќе биде дел Telegram. Најавата дојде директно од извршниот директор на Телеграм, Павел Дуров. Тој на микро-блогот X објави дека ова лето корисниците на Телеграм ќе добијат пристап до Grok, напредната технологија за вештачка интелигенција на xAI, која ќе биде интегрирана низ сите апликации на Телеграм.

Соработката и финансиски ќе му помогне на Telegram. Платформата како дел од договорот, ќе добие 300 милиони долари во готовина и акции од xAI. Дополнително, 50 отсто од секоја претплата за Grok (xAI) која ќе дојде преку Telegram ќе останат за Telegram. Вештачката интелигенција на xAI пак ќе добие пристап до над милијарда корисници на Telegram.

Веста, објавена од Дуров набрзо го привлече вниманието на технолошката заедница и пошироката јавност. Според најавата интеграцијата на Grok се очекува да се случи во текот на летото. Со тоа ќе им овозможи на корисниците на Телеграм директен пристап до можностите на овој генеративен модел на вештачка интелигенција.

„🔥 Ова лето, корисниците на Telegram ќе добијат пристап до најдобрата технологија за вештачка интелигенција на пазарот. @elonmusk и јас се согласивме на едногодишно партнерство за да го донесеме xAI-то @grok до нашите милијарда+ корисници и да го интегрираме во сите апликации на Telegram 🤝

💪 Ова исто така ја зајакнува финансиската позиција на Telegram: ќе добиеме 300 милиони долари во готовина и капитал од xAI, плус 50% од приходите од претплатите на xAI продадени преку Telegram 💰“, напиша Дуров на X.

На прв поглед условите на договорот изгледаат поповолни за Telegram отколку за xAI. Финансискиот дел од договорот секако го покажува ова, но „трансакцијата“ не е во една насока. Придобивката за xAI е пристапот до над 1 милијарда корисници. Од март оваа година xAI е сопственик на микроблогот X. И покрај ова Telegram има повеќе од два пати повеќе корисници.

Павел Дурoв / Image courtesy of TechCrunch Disrupt Europe: Berlin 2013 / Flickr / CC BY 2.0

Во февруари, xAI ја објави најновата верзија на својот чет-бот, Grok 3. Илон Маск се надева дека овој модел ќе заземе значајно место во супер-конкурентниот сектор на вештачка интелигенција. Засега таму најголем дел од просторот е пополнет од ChatGPT на OpenAI, Gemini на Google, и  платформи како кинескиот DeepSeek.

Grok е веќе достапен на платформата X, но со одредени ограничувања за корисниците кои не плаќаат претплата. Премиум услугата чини 40 долари месечно, или 395 долари годишно. Интеграцијата во Telegram потенцијално би можела да понуди нов модел на пристап или различна цена за корисниците на апликацијата за пораки.

Објавата доаѓа во време кога Павел Дуров се соочува со правни предизвици во Франција, по судирите со француските власти околу нелегалната содржина на неговата популарна услуга за пораки. Сепак, партнерството со xAI ги покажува на амбициите на Telegram да остане дел од најголемите технолошки иновации и да ја зацврсти својата позиција на глобалниот пазар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk