Технологијата за навигација на бродовите е небезбедна

Технологијата која се користи за следење на бродовите е небезбедна. Напаѓачот може да направи бродот да изгледа поголем отколку што е, што ќе предизвика тревога и ќе го блокира целиот сообраќај. Ова тврдење на безбедносниот експерт Кен Монро го пренесе BBC. Засега г. Моноро не изнесе детали за евентуалниот тек на нападнатите.

Пропустот може да го блокира целиот сообраќај во Ламанш, сепак не сите експерти се согласни со г. Моноро. Дел од експертите сметаат дека опасноста од напади врз овие системи би имала значително поограничени последици.

Дополнително, францускиот безбедносен експерт „x0rz“ покажа дека манипулација со големината не е единствен проблем. Тој успеа да ја промени GPS позицијата која ја покажува Ecdis софтверот. Ова поместување е само 300 метри, но и тоа е доволно за да предизвика проблем. Ова пред се важи во ситуација кога има намалена видливост.

Експертите од Универзитетот Плимут сепак сметаат дека катастрофално сценарио е нереално. Штом се забележат овие резултати агенцијата која го следи сообраќајот по Ламанш ќе ги спореди и радарските податоци и податоците за тоа што нивните тимови го гледаат. Потоа овие податоци ќе се испратат до бродовите.

“Нема никакви технички неточности во она што го вели г. Монро. Сепак текот на ефектите кои би биле неопходни за да се дојде до најлошото сценарио е неверојатен во практиката “, вели професорот Кевин Џонс.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments