0 коментари 1 мин. читање 24 декември, 2019

Технологијата на новосадската компанија 3Lateral се најде и на продолжението Hellblade 2

Hellblade: Senua’s Sacrifice e една од игрите кои најмногу воодушеви последниве неколку години. Зад играта се ветерани кои работеа на игри како Heavenly Sword, Enslaved: Odyssey to the West и DmC: Devil May Cry. А интересен е и изборот на темата која е несвојствена за светот на видеоигри. Љубителите на играта веќе се израдуваа на трејлерот од  Hellblade 2, и знаат дека играта излегува во 2020.

Она што вообичаено е потешко за забележување е дека и тимот од претходната игра новосадскиот 3Lateral работи заедно со Ninja Theory, јави Netokracija.

Српскиот тим кој работеше и на првата игра од почетокот на оваа година е дел од Epic Games. Компанијата разви технологија за креирање на различни дигитални модели и анимации. Компанијата во Epic е дел од Unreal Engine.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top