Една од најпознатите македонски IT продавници, Анхоч, пред неполна недела го отвори нивниот прв премиум салон во Скопје, во комплекс Мида.
Свеченото отворање беше во 13:00 и да се каже дека заинтересираноста беше мала би било потценување. Заинтригирани од ветувањето за гејминг зона, како и аудио соба, решивме и самите да го посетиме Анхоч премиум и да видиме за што точно се работи. Пред комплексот Мида бевме пред официјалното отворање, но набргу сфативме дека нашите планови нема да одат онака како што мислевме. Пред нас имаше стотици клиенти, а за време на 20 минутното чекање, уште една загрижувачка бројка се собра зад нас. Решивме да прошетаме некаде и да свратиме подоцна.
По неколку часа, редицата пред влезот беше исчистена, но внатре ситуацијата беше значително поразлична. Бројката од стотици луѓе сега беше преполовена, но преселена пред местата за наплата. Шансите дека ќе успееме да го купиме телефонот кој сакавме се чинеа исклучително мали. Но, тоа и не беше примарната причина поради која решивме да го посетиме Анхоч премиум. Инстантно го насочивме вниманието кон аудио собата. Се работи за соба од која аудиофилите нема да сакаат да излезат, барем не за брзо време. Во пријатен и релаксирачки амбиент, сите заинтересирани можат директно да ја пробаат аудио опремата од најразлични модели на звучници и аудио системи. Претпоставуваме дека, во нормални услови, ќе можете без проблем да добиете помош од вработените, но тој ден, позитивниот хаос од ново-отворено место беше повеќе од очигледен, а ние бевме сосема задоволни да одбереме ќоше и внимателно да набљудуваме како луѓето влегуваа и излегуваа од собата, срамежливо допирајќи и тестирајќи некои од сервираните производи.
Сеуште држени од еуфоријата од аудио собата, сосема случајно се освестиме дека има уште една причина за нашата посета – гејминг зоната! Заземајќи солиден дел од 500м2 простор, гејминг зоната имаше на понуда пет-шест гејминг конфигурации. Сместени на гејминг столчиња, оние кои беа доволно среќни можеа максимално да се опуштат во блажени гејминг сесии. Зад нив, еден куп други го чекаа нивниот ред, но нешто нѝ кажуваше дека тоа нема да се случи набргу. Оние што веќе играа, делуваа крајно удобни онаму каде што се. Разговарајќи со претставник од Анхоч, успеавме да дознаеме дека гејминг зоната е замислена како место каде може да се тестира и спореди најразлична гејминг опрема од најразлични светски брендови. Од она што го видовме, од најразличните монитори, преку квалитетни глувчиња и тастатури, па сè до самите конфигурации, јасно нѝ стана дека зоната е интересна отскочна штица за сите оние кои не се сигурни со што да одат за подобро гејминг искуство.
Кога ќе се земе сè во предвид, нашето искуство беше прилично позитивно. Она што сакавме да купиме, не успеавме, но она што го видовме допринесе да воопшто не нѝ е криво поради тоа. Анхоч премиум, случајно прочитавме неколку дена подоцна, се одликува и со автоматски електронски цени. Според претставник од Анхоч, компанијата е прва да воведе ваква еколошка мерка. Засновано на електронско мастило, електронските цени не трошат струја, мастило, и хартија. Претставникот беше особено горд на ова и нѝ додаде дека ваквото нешто е сеуште реткост, дури и во салоните во најразвиените земји.
Дали вие успеавте да го посетите Анхоч Премиум? Какво беше вашето искуство? Што си купивте? Сакаме сè да знаеме! Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!