NASA објави 5 нови слики со висока резолуција од телескопот James Webb. Првата слика оваа недела ја објави претседателот на САД. Инфрацрвената фотографија која беше претставена во јавноста е најдлабоката и најостра досега.
Сега веќе има галерија во која може да уживаат љубителите на астрономијата.
„Сè уште ништо не сте виделе“, рече Грегори Робинсон во најавата на новите фотографии. Веројатно ништо не можеше да нè подготви за она што се гледа на сликите. Она што е и поимпресивно е дека сликите се направени за само 5 дена.

Ова се само дел од сликите кои ги сподели NASA. Целата галерија може да ја погледнете на страницата на James Webb Space Telescope.




