Технологија која го промени светот, среќен десетти роденден iPhone

Пред точно десет години започна продажбата на уредот што ги промени не само паметните телефони, туку и светот. Стив Џобс го претстави iPhone на 9 јануари 2007 година, а шест месеци подоцна, на 29 јуни започна продажбата на првите телефони.

Во овој период најпродавани и најкористени телефони произведуваше Nokia. Малку кој се надваше дека Apple по две и пол години развој ќе претстави револуционерен уред, кој сосем ќе го промени пазарот. Десет години подоцна, Nokia не постои, a Apple е еден од производителите на најпосакуваните телефони.

Големиот екран и можноста да за мултитач во ова време беа далеку пред конкуренцијата. Со iPhone започна и посериозното користење на интернет кај преносните уреди. Телефонот не беше првиот кој имаше можност за поврзување на интернет, ниту беше првиот со камера, а сепак значително ги популаризира овие функционалности.

Со iPhone се појави и потреба за сосем нова индустрија. Луѓе кои ќе креираат содржини за паметните телефони. Денес App Store и Google Play заработуваат по 10.5 милијарди во едно тримесечје.

Паметните телефони овозможија куп нови сервиси. Најголемите стартапи денес како Airbnb или Uber немаше ниту да постојат без телефоните.

Новите уреди донесоа и нови навики кај корисниците. Не само што сега најголем дел од заработка од рекламите доаѓа од паметни телефони, туку сѐ повеќе и телевизијата ја следиме на телефоните.

Благодарение на iPhone, Apple е највредната компанија, со вкупна вредност од над 750 милијарди долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk