Најголемите технички компании бараат законска заштита од Европската Унија при отстранување на содржина. Законската рамка треба да ги заштити компаниите при отстранување на говор на омраза и илегална содржина, пренесува Bloomberg.
Facebook, Twitter, Google, Apple, Microsoft, Amazon здружени во единствена организацијата Edima се дел од овие компании кои бараат законска заштита. Покрај овие гиганти дел од организацијата се и Spotify, TikTok, eBay, Mozilla, Snap и Yelp. Заштитата се однесува во техничко појаснување на постоечкиот закон во кој се вели дека ако компаниите не се свесни за говор на омраза не сносат одговорност ако не го отстранат. Ова се менува ако бидат известени за говор омраза и ако не реагираат.
Проблемот кој го гледаат компаниите е што за отстранување на содржина користат алгоритми. Ако алгоритамот помине низ некоја содржина и не ја отстрани би можело да биде протолкувано дека не реагирале на говор на омраза иако биле свесни за постоењето.
Толкувањето на оваа одредба би можела значително да влијае на слободата на говор. Поради стравување од високи казни сите коментари би можеле да бидат отстранети веднаш. Дополнително за големите платформи е најавена и построг пристап. Компаниите ќе мора да бидат потранспарентни за начинот на кој ги модерираат содржините. Новиот предлог закон би можел да биде донесен уште во декември. По ова Европската Комисија, Европскиот Парламент и Советот на Европа ќе ги усогласуваат ставовите за конечното решение.