Групно уредување фотографии со најновата верзија на Image Tuner

Image Tuner е моќна апликација со која можете да имплементирате дополнителни промени на повеќе фотографии од еднаш. Па така, на група фотографии можете инстантно да им ја промените големината, како и нивните имиња. Дополнително, можете да отстраните или надополните податоци поврзани со нив, како и да ги конвертирате од еден формат, како JPEG, во друг, како PNG форматот.

Image Tuner не би требало да ве разочара ни доколку сакате да наметнете едноставни визуелни промени, односно ефекти, како да ја превртите сликата, да ја ротирате, да ја смените бојата, да отсечете одредени делови од неа, или да додадете граници.

Free burning software

Најновата осма верзија на Image Tuner по првпат се испорачува како 64-bit-на верзија. Претходните корисници ќе забележат визуелни промени и во самиот интерфејс како и целосно нови икони за старите функции. На располагање имате само еден нов ефект кој се игра со контрастот на сликите. Авторите се фалат дека осмата верзија има подобра поддршка за high-DPI слики, а работата на апликацијата не го оптоварува процесорот на ист начин како и претходните верзии.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments