Како медиум за информатичка технологија знаеме дека иновативноста и креативноста се неопходни за оваа индустрија која го менува секој сегмент од нашиот секојдневен живот. Затоа, за да мотивираме и инспирираме, IT.com.mk за прв пат организира награди за најдобрите, иновативните и креативните умови и проекти од македонската ИКТ сцена во 2010 година.
ПРОЦЕС
Процесот на наградите е едноставен… од 1-ви ноември до 10-ти декември трае пријавувањето на кандидатите во 4 категории:
- .мк сајт на годината
- #mkfail на годината
- ИТ личност на годината
- ИТ компанија/организација на годината
ГЛАСАЊЕ
По завршување на рокот за пријавување, публиката ќе има можност да гласа за своите фаворити преку едноставна форма во периодот од 10-ти декември до 22-ри декември.
Победниците ќе бидат прогласени на 22-ри декември според гласовите на публиката (70%) и според жирито составено од основачите на IT.com.mk (Дамјан, Столе, Стефан, Ѓоко и Виктор чии гласови ќе важат 30%).
На победниците ќе им биде доделено официјално признание, а победниците во категориите ИТ личност и ИТ компанија на годината ќе добијат и посебна реклама на порталот.
IT.com.mk ги поканува сите заинтересирани да ги пријават своите фаворити (или пак самите да се пријават) во соодветните категории почнувајќи од 1-ви ноември, понеделник.
Споделете, пријавете, гласајте и заедно да ги одбереме најдобрите и најиновативните! :)
Целиот процес, од пријавување до гласање ќе се одвива на следнава страница:
Коментари
14 коментари
Коментарите се затворени.