0 коментари 1 мин. читање

TED објави официјална iPhone/iPod апликација

TED, непрофитна организација со мисија да шири идеи вредни за споделување, по својата популарна iOS апликација за iPad објави и iPhone верзија. iPhone апликацијата им овозможува на корисниците да пребаруваат и гледаат TED видеа со должина од 3 до 18 минути.

Мобилните корисници најчесто се само тоа – мобилни. Тие постојано се во движење, постојано шетаат… Овозможивме ново искуство само за нив со кое ќе можат да ги слушаат TED разговорите на нивните слушалки, директно од нивните џебови. – изјави Крис Андерсон, кураторот на TED.

Апликацијата има и можност за зачувување на видеа, опции за пребарување и споделување, тагирање и гласање. Видеата може да се пребаруваат по клучен збор, тема или пак по нивната популарност. А добрата страна е што е овозможено и офлајн гледање на видеата.

Апликацијата за iPhone/iPod, како и таа за iPad, работи на iOS со 4.3 или понова верзија. Видео стримингот работи преку 3G, но со цел да избегнете високи сметки најдобро е тоа да го правите преку Wi-Fi.

Доколку сте љубител на интересните TED видеа кои покриваат разни области од генетика до уметност и креативност, преземете ја апликацијата за вашиот iPhone на следниов линк.

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Мени
Заедница
Изглед
To top