Претходниов викенд (24-27 ноември) во Шведска се оддржа DreamHack Winter 2011, најголемиот LAN фестивал во светот. Настанот е познат по светскиот рекорд кој го постави минатата година кога присуствуваа 13.608 луѓе со 12.754 компјутери.
Настанот е фокусиран на сите активности поврзани со компјутерите, интернетот и дигиталната забава и култура. Гејминг, комуникација, програмирање, дизајнирање, компонирање на музика се само дел од активностите на DreamHack.
И оваа година за настанот имаше огромна заинтересираност, околу 12.000 луѓе беа присутни а најголемиот дел од нив играа мрежно игри како StarCraft II и Counter-Strike.






Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.