0 коментари 2 мин. читање 11 јануари, 2013

Тaze.mk ќе ви помогне да ги најдете сите нови македонски сајтови

И самиот нов сајт, кој стартуваше денес, Taze.mk ќе функционира како директориум на сите македонски сајтови, и постарите и поновите. Идејата зад Taze.mk е да го олесни наоѓањето на, пример, нови македонски е-продавници, сајтови за информатика, сајтови за култура, блогови и други сајтови од вкупно 13 категории.

Сајтот ќе го олесни пребарувањето на сајтови со прикажување на најдобро рангираните, најпосетуваните или најновите сајтови. Има и други две интересни опции, првата е „историја“ која ќе ви ги прикаже сите сајтови кои сте ги пребарувале, а со „наши препораки“ ќе ви препорача сајтови.

Но, иако секој излистан сајт си има свој ранг, т.е. ѕвездички, најдобро е да не им верувате бидејќи рангирањето се прави анонимно и најверојатно сопствениците на сајтовите ќе се потрудат нивниот сајт да добие највисока оценка, што искрено нема поента бидјеќи како поинаку да се види фидбекот од корисниците и да се подобри услугата?

Проектот е дел на компанијата Mignix од Радовиш, односно на Благој Капсаров и Горан Митев. Kaко што најави Благој на List.mk, наскоро на Taze.mk ќе му биде додадена опција сервисот сам да прави скриншот од сајтот кој ќе биде пријавен.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top