1
ИТ.МК: Стратегија за е-Влада 2010 – 2012
Министерството за информатичко општество објави работната верзија на „Стратегијата за е-Влада 2010 - 2012“ и ги повика граѓаните да споделат идеи и предлози. „Земајќи во предвид дека при подготовката на овој документ сакаме да ги вклучиме сите засегнати страни, подолу на страницата Ви ја ставаме на располагање работната верзија на Стратегијата за е-влада на која можете да давате Ваши предлози и забелешки.“ пишува МИО.