ИТ.МК: Стратегија за е-Влада 2010 – 2012

во ИТ.МК

Првиот дел од стратегијата ги опфаќа постигнатите работи и започнатите проекти во изминативе неколку години, од 2005 до 2009 година. Листата е голема и содржи доста интересни проекти, и позитивни и негативни. Пример:

  • Позитивен проект: sobranie.mk – Супер проект, со голем број информации за собранието. Фали малку полесна интеракција со парламентарците, но таа интеракција постои. Има и видео стрим во живо.
  • Катастрофален проект: ucenje.org.mk – проект од 2006 година. Интересен проект кој може да ги информира луѓето. Но, за жал, сајтот е хакнат веќе подолго време. Навистина МИО пишува „беше спроведен“, но зошто да биде и „отфрлен“?

Зарем еден владин проект не изгледа лошо да биде дифејсиран од хакери и да остане таков подолго време? Зарем нема тим за безбедност? Што говори ова за безбедноста на овие проекти?

Од друга страна, МИО има одличен пристап со објавување на стратегијата. Но зошто да не се објават и повеќе детали. Еве проект започнат од 2006 година.

  • „Отпочна проектот локална е-Влада, кој опфати 50 општини и имаше за цел да обезбеди безжичен интернет пристап, подобри услуги и поголема вклученост на граѓаните преку користење на ИКТ.“ Има анкета/анализа во која пишува за тоа какви услуги се нудат на општинските веб сајтови. Но има ли анализи за тоа колку се граѓаните вклучени во користењето на ИКТ? Колку од нив всушност ги користат тие услуги, колку од граѓаните ги посетуваат сајтовите?

Идни проекти

Во „Стратегија за е-Влада 2010 – 2012 година“ се наведени 12 проекти и услуги. Дел се започнати, дел од нив треба да се започнат, а сите е планирано да завршат до 2012 година. Проектите се:

  • Систем за управување на документи во органите на државната управа
  • Систем за издавање на дигитални сертификати на јавната администрација (PKI)
  • Меѓусебно поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институциите (Интероперабилност)
  • Електронски лични карти (еID)
  • Веб портал за е-демократија
  • Управување на односите со граѓаните
  • Информациска безбедност
  • ИТ стандарди во државните институции
  • Електронско плаќање на административни такси
  • Целосен e-трезор систем
  • Е- катастар
  • Едношалтерски систем за увоз и извоз (Single Windows) и контрола при единствено застанување (One Stop Shop) – Фаза 2

Овие 12 проекти ќе бидат пропратени и со 4 иницијативи и тоа: развој на веб локациите на општините, развој на ИКТ кадар во државната администрација, обука за е-Влада и промоција на електронски услуги.

Додатно се планираат и олеснување на административните услуги за граѓаните како електронско поднесување на даночни пријави, остварување право на детски додаток, пријавување корупција, регистрација на дозволи, градежни дозволи, пријавување за високо образование….

Повеќе за идните услуги и проекти во „Стратегијата за е-Влада, 2010 – 2012“. Доколку имате идеја и предлози, тогаш оставете коментар на сајтот на МИО.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk