0 коментари 1 мин. читање 14 јуни, 2011

Instagram има над 5 милиони корисници, а само 4 вработени

„Вработувањето луѓе ми е топ приоритет сега.“, вели Кевин Систром, еден од основачите на Instagram за TechCrunch. „Но, работата е што не сакаме да вработиме бидејќи сме големи. Градење на компанија е за креирање на продукт, но и е за креаирање на тим. Тие двете нешта се многу важни за нас.“

Тој не откри кога, туку само спомена дека се работи Instagram да стартува и веб апликација, најверојатно мотив е Webstagram апликацијата за веб преглед на Instagram фотографии која го користи нивното API. Всушност API-то на Instagram се користи од 2.500 други апликации.

Тоа што е интересно кај Instagram e што се за само една платформа – iОS и се топ друштвена апликација на App Store. Поради тоа не трошат пари за маркетинг и нивниот раст е органски. Можеби помага што Apple неколку пати ги има промовирано на почетната страна, или што се појави апликацијата во позадина на претставувањето на iOS 5 на WWDC конференцијата, кој ќе биде со Twitter интеграција што уште повеќе ќе го олесни функционирањето на Instagram, во секој случај, апликацијата навистина е лесна за користење и e забавна. Само прашајте ги iPhone корисниците.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top