Поранешен шеф на Гугл доби свирежи од дипломци поради говор за вештачката интелигенција
Настапот на поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит, на церемонијата за дипломирање на University of Arizona, наместо инспиративен говор, се претвори во момент што брзо стана вирален на интернет. Причината не беше само говорникот, туку темата што ја допре. Штом го спомна развојот на вештачката интелигенција (ВИ), дел од дипломците почнаа гласно да негодуваат […]