Според процените на аналитичарите од NPD Display Search, испораката на таблет компјутерите во Северна Америка во овој квартал ќе ја надмине бројката на купени преносни компјутери.
Компанијата која се занимава со анализа на индустријата смета дека ефтините таблети како Nexus 7 на Google, кој во САД се продава за 199 долари и iPad Mini на Apple се главни фактори за овој раст. Според нивните информации, околу 21,5 милиони компјутерски таблети ќе бидат купени до крајот на овој квартал, што е многу повеќе од 14,6 милиони преносни уреди колку што се очекува да бидат продадени до крајот на годината.
Што се однесува до светскиот пазар, таблет компјутерите би требало да ги надминат преносните компјутери до 2015 година, кога се очекува продажба на повеќе од 278,9 милиони таблет компјутери, наспроти 270 милиони преносни компјутери.
NPD Display Search смета дека ваквиот напредок на компјутерските таблети е поради огромниот број на поефтини Android уреди.








