2 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Nordeus Hackathon 2012 во Белград

Српскиот Nordeus, автор на најдобриот фудбалски менаџер на Facebook, Top Eleven, која има над 5 милиони играчи, по втор пат организира 24-часовен Hackathon натпревар во програмирање. Hackathon-от на Nordeus ќе се одржи на 15 декември, но пријавувањето е до 30-ти ноевмри. За сите заинтересирани македонски програмери, Nordeus ќе го плати патот и сместувањето во Белград каде и ќе се одржи натпреварувањето.

Програмерите можат да се пријават самостојно или во тимови до максимум 4 члена. Програмерите кои немаат свои тимови ќе бидат групирани. Сите натпреварувачи ќе добијат компјутер со два монитори и инсталиран софтвер како Flash Builder, Eclipse, Photoshop CS5… Наградите ќе бидат интересни, односно iPad 3, Samsung Galaxy S3, PS3 Slim и други уреди. Повеќе детали ќе најдете на официјалниот сајт на Nordeus.

Еве што се случуваше лани:

[youtube]ZbVsnvPsGCA[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top