Компанијата Synami чии софтверски производи веќе 20 години освојуваат пазари на светско ниво, неодамна го комплетираше своето ребрендирање што опфати промена во визуелниот идентитет, како и редефинирање на мисијата, визијaта и компаниските вредности.
Synami, изминативе три години е дел од приватната инвестициска група Hut4 Capital, и преку ребрендирањето отвора ново поглавје во веќе успешно етаблираната приказна. Оваа промена е чекор што ќе го поддржи проширувањето и освојувањето на нови пазари, велат од компанијата чии производи во делот на проектно менаџирање се користат од над 6 милиони корисници во светски рамки, односно од дел од најуспешните Fortune 500 компании.
“Промените во изгледот и дефинирањето на компаниската мисија, визија и вредности, значат отворање на ново поглавје за нашата компанија. Преку оваа промена, приказната на Synami добива современа димензија која ќе има директно влијание во зацврстувањето на нашето позиционирање во светски рамки. Од огромна важност е она што го носиме како идентитет, да добие препознатливост и да биде симбол за квалитет.
Остануваме посветени кон испорака на висококвалитетни софтверски решенија преку константно прилагодување кон потребите на пазарот.” – вели Игор Димковски, генерален менаџер на Synami.
Софтверските производи на Synami во кои спаѓаат десктоп и cloud решенија, се наменети за подобрување на комуникацијата и тимската работа на проекти, а се користат од светски компании меѓу кои се вбројуваат Siemens, BMW, SAP, Shell, McLaren и Airbus.







