ZERO Sievert e предизвикувачки extraction shooter во постапокалиптичен свет

Нешто повеќе од година дена како чедото на CABO Studio е дел од раната програма на Steam. За тоа време, оваа пукачка игра има забележано значителен напредок, до таа мера да моментно има 88% позитивни рецензии на платформата на Valve. ZERO Sievert се величи до небо како еден од подобрите extraction shooter-и, со одлични пукачки механики во комплексен PvE свет и предизвикувачки елементи кои потсетуваат на Escape from Tarkov.

Предизвикот е во деталите

Ако некоја игра не сака да ве држи за рака тоа е Escape from Tarkov. ZERO Sievert е доста слична во тој поглед, само од ретро-инспирирана top-down постапокалиптична STALKER атмосфера (и PvE режим). Кажавме многу со таа една реченица, но уште во првите пет минути ќе видите дека навистина е така. Првин, не знаевме што правиме во хабот. Никој не ни кажа каде да одиме или како да излеземе. Немаше никакви јасни показатели за тоа како се избира мапа, се додека на среќа не наидовме на еден човек кој, всушност, беше отскочка штица за мапите. Влеговме во првата мапа, наидовме на првиот непријател, пробавме да пукаме и загинавме. Подоцна свативме дека оружјата треба да бидат повлечени од ранецот и ставени во нашите раце. Во спротивно, ги имаме ама како да ги немаме. Има логика…

На вториот ран, го држиме оружјето во рацете одиме лево – десно слушаме константно бипкање и хрчење и во последен момент забележуваме дека здравјето ни се цеди поради радијација. Умревме од преголема изложеност. Има логика и ова…

На третиот ран (нормално, со оружјето во раце) внимаваме каде се движиме и бараме непријатели. За брзо време наидовме на волк, нанишанивме и пробавме да пукнеме, но ништо не се случи. Во Zero Sievert, откако ќе се земе оружјето во раце, треба да се одбере соодветна муниција, да се репетира оружјето, па тогаш да се користи. Волкот се нагости убаво. Има логика и ова.

Escape from Tarkov + Stalker = Zero Sievert

Не паметиме кога последен пат толку учевме како се игра некоја игра. Размазени од модерните, лесно-достапни игри, наидовме на бројни мали препреки, идеи кои се поразлично реализирани во Zero Sievert. Со тек на времето, меѓутоа, целосно се вклопувате и прилагодувате на дизајнот и по првичното експериментирање играта добива исклучително забавна и игрива димензија.

Низ пет различни биоми, односно пет мапи кои рандомно се генерираат според параметри кои се уникатни за секој биом, ќе се соочите со различни непријатели. Целта ви е да преживеете, да соберете вреден плен кој ќе ве направи посилни и да се вратите назад во бункерот од кој започнуваат сите операции.

За пофалба е комплексниот систем за модификација на оружјата. Имате над 35 уникатни оружја, но 150 модови кои можете да ги комбинирате за да оружјето биде прилагодено според вашите уникатни потребни.

Како не би скитале како луди-без-глава, имате на располагање бројни квестови, а уникатниот плен, кој доаѓа во форма на сировина или готов производ, ви помага да правите нови работи, да ја надградувате базата или пак да го продадете тоа што сте го собрале на бројните трговци.

Маѓепсан круг со огромна вредност на преигрување

Кога ќе се земе се во предвид, Zero Sievert е предизвикувачка игра. Доколку сте роб на нејзините ригорозни правила, тогаш ќе пронајдете невообичаена и ретко видена можност за забава во постапокалиптична околина. За таквото нешто најмногу помага тоа што секое навлегување е во некоја од петте мапи е поразлично од претходните и никогаш не знаете какви (не)пријатни изненадување ве очекуваат во немилосрдната зона.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: CABO Studio
  • ИздаваModern Wolf
  • Жанр: Survival, ES
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 15 ноември 2022

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk