Спонзорирано

Symphony Solutions ја поддржува Украина од сите нејзини локации

Спонзорирано од Symphony Solutions

во Свет, Спонзорирани

Symphony Solutions е холандска ИТ компанија со најголемиот деливери центар во Лавов, Украина. Уште од првиот ден откако почна војната, им помагаме на нашите колеги да останат безбедни, и ја поддржуваме Украина преку нашите добротворни цели. 

Канцеларијата на Symphony Solutions во Лавов е во Украина од 2008 година, кога Theo Schnitfink, основач и извршен директор, одлучи да го искористи ИТ талентот на Украина и да ја реализира својата голема визија. Оттогаш, Украина отсекогаш била јадрото на најголемиот деливери центар на Symphony Solutions.

“…Што се однесува до изборот на градот, имав само два услови: да има аеродром и да биде универзитетски град. И Лавов ги исполни тие барања”, вели Theo Schnitfink, основач и извршен директор на Symphony Solutions во интервју за Форбс, 2018 година. 

Желбата за нови можности за развој на бизнисот во други европски земји доведе до отворањето на канцеларијата во Скопје. Канцеларијата во главниот град на Македонија работи од 2017 година. Слични во духот и културата, колегите од Украина и Македонија изградија доверлив работен однос што стана уште посилен преку заедничката програма NEO што се одржува во Лавов со цел да им овозможи на новите вработени лично да се сретнат и да се вклучат во активностите за градење на тим. Вработените во двете држави не беа само колеги. Тие прераснаа во одлични тимски играчи, станаа пријатели, па оттука и доаѓа изразот “Symphony семејство”.

Сега пак, со оглед дека Украина е под брутален напад, се чувствуваме должни да зборуваме за она што е правилно. Вработените во Македонија ја изразија својата загриженост за своите колеги кои за жал, беа погодени од целата ситуација. Со здружени сили, Македонците се вклучија да им помогнат на Украинците на кои им е потребна помош. Па затоа, би сакале да споделиме некои од веќе започнатите иницијативи како дел од нашата кампања Поддршка за Украина (Stand with Ukraine).

Вработените во Македонија ги поддржуваат нивните колеги од Украина во ова тешко време. Тие ја понудија својата безусловна помош. Нема доволно зборови со кои можеме да ја искажеме нашата благодарност. Едноставно благословени сме што имаме такви неверојатни луѓе во нашето Symphony семејство!

Засолнување на вработените во Украина и нивно преместување

Една од катастрофалните последици на војната е дека луѓето ги губат своите домови и бараат безбедно засолниште на друго место. Symphony Solutions своите канцеларии во Украина и Полска ги претвори во засолништа кои работат 24/7 за сите вработени, нивните семејства и пријатели. Исто така, вработените волонтираат на локации, се грижат за засолништата и ги координираат луѓето кои пристигнуваат. Дополнително на ова, на бегалците им се помага да најдат живеалишта за долгорочен престој или да се преселат на запад во други земји. Добиваат помош за преминување на границите, превоз и сместување во новите локации.


Па така, симфонијанците се низ целиот свет – во земјите во Западна и Централна Европа, Турција, САД, па дури и во Шри Ланка. Но, чувството на обединетост никогаш не осамна. Им помагаме на нашите колеги и нивните семејства при преселувањето, грижејќи се за нивната безбедност и обезбедувајќи им ги потребните ресурси: логистика, транспорт, сместување, засолниште и правна поддршка. 

Вредностите на компанијата се од особено значење за нас во Symphony Solutions; ни даваат сила да стоиме на нозе, будни среде криза. Овие идеи нè обединуваат и ни даваат чувство на припадност и поддршка. Каде и да сме, можеме да комуницираме, да работиме и да ги поддржуваме нашите семејства – тоа е агилност во акција, духот на единството, тоа е духот на Symphony Solutions. 

Добротворна иницијатива Поддршка за Украина (Stand with Ukraine)

Добротворната иницијатива Поддршка за Украина (Stand with Ukraine) e создадена од Symphony Solutions со цел да се соберат средства и да се обезбеди хуманитарна и итна помош за Украина. 

Ова беше итна иницијатива што ја подготвивме за неколку денови. За да биде што е можно поефикасно, Symphony Solutions се здружи со Националната извидничка организација Пласт на Украина. Соработуваме со Пласт за наоѓање и купување на сите потребни лекови, опрема и други стоки во земјите од Европа, кои подоцна се испраќаат во Украина. Собраните средства се испраќаат во Пласт за набавка на безбедносна опрема и лекови за украинската армија. 

Оваа иницијатива се однесува на сите надвор од Украина кои сакаат да помогнат и да ја поддржат Украина во нивната борба за слобода.

Собрани над 329.000 евра

Пред да се договори што било друго, Symphony Solutions  започна со собирање на средства сфаќајќи дека нема време за губење. Севкупно, собравме неверојатни три милиони украински гривни кои беа донирани за потребите на украинските вооружени сили, како и одделни воени единици кои ги поддржуваме. Еве што постигнавме:

  • Symphony Solutions го донира целиот профит

“Symphony Solutions го донира целиот профит кој потекнува од работата во Украина, и ќе го искористи за помош на различни иницијативи со цел да ги поддржи Украинците на кои им е потребна помош” – вели Theo Schnitfink,  основач и извршен директор на Symphony Solutions. 

  •  Фонд за солидарност

Ова е фонд за вработените од вработените. Беше основан со цел да им се помогне на симфонијанците кои се подготвени да ја одложат  својата работа на проектите и да се приклучат на вооружените сили на Украина, бранејќи ја својата земја на военото поле. 

Македонските колеги се приклучија на овој фонд како и сите останати симфонијанци низ многутте наши локации. Многумина веќе донираа во фондот и продолжуваат да донираат бидејќи војната е сè уште во тек. Македонските симфонијанци, исто така, одлучија да ги одложат сите настани и други локални придобивки и наместо тоа да го пренасочат овој буџет за поддршка на своите украински колеги. Со заеднички напори, веќе собравме повеќе од 50.000 евра.

  • Клиентите на Symphony Solutions донираа 220.000 евра

Клиентите на Symphony Solutions се приклучија на донациите и собраа 50.000 евра за потребите на Украина. Покрај тоа, тимовите на клиентот ја усогласија донацијата и собраа дополнителни 50.000 евра, а продолжија со донирање со што вкупната сума достигна бројка од 220.000 евра.

Оваа неверојатна великодушност и грижа за Украина е навистина за сите почести. Но, тука не застанува приказната. Уште од првите денови на војната, многумина понудија да ги преселат своите тимови од Украина во Полска, Македонија, Белгија, Германија, па дури и во Франција. 

Цивилно здравство и борбено медицински иницијативи

Животите на луѓето се наш прв приоритет, а уште повеќе во време на војна. Затоа започнавме да учествуваме во голем број иницијативи со цел да ги подготвиме цивилите и медицинските лица за какви било итни ситуации што може да се случат. Секогаш надевајќи се на најдоброто и подготвувајќи се за најлошото.

  • Прирачник за воено медицински персонал

Symphony Solutions соработуваше со Центарот за едукација и снабдување за воен медицински персонал, привремено сместени во канцеларијата во Лавов. Симфонијанците помогнаа во создавањето на прирачникот што ќе го користи воениот медицински персонал. 

Спасувањето на човечки живот и зачувуањето на благосостојбата е најважната мисија под какви било околности. 

Медицинските работници не можат да си дозволат да ја изгубат смиреноста, а со тоа да ризикуваат да ги прекршат медицинските протоколи. Целта на прирачникот е медицинскиот персонал секогаш да има при рака концизен, референтен водич кога ќе се најде во критична ситуација. Прирачникот ќе им помогне на медицинските лица да го задржат професионалното знаење, да ги вратат своите вештини во недоминантни области, подготвувајќи го медицинскиот тим на секое сценарио. 

Проектот е инициран од Фондацијата за поддршка на реформите во Украина. 

  • Добредојде на Лекари без граници во канцеларијата во Лавов

Навистина сме трогнати од сета помош и поддршка што ја добиваме во овие тешки времиња од сите страни на светот. И едноставно така, тимот на меѓународната медицинска хуманитарна организација “Médecins Sans Frontières” се наоѓа во канцеларијата на Symphony Solutions во Лавов. Волонтерите на организацијата им помагаат на луѓето погодени од конфликти, пандемии или природни катастрофи. Станува збор за професионални здравствени работници, логистички и административен персонал. 

На волонтерскиот персонал во Украина му е обезбеден удобен престој и канцелариски простор што може да го користат за работа додека ја извршуваат својата благородна мисија во помагањето на Украинците погодени од војната.

Има повеќе од еден начин да помогнеме и ние се грижиме да ги покриеме сите области каде што можеме да бидеме од корист, било тоа да се медицински иницијативи, споделување информации за војната или собирање средства. 

Поддршка за Украинците вознемирени од војната

Во време на невиден страв, важно како и секогаш е да се задржи некој привид на баланс. Ние во Symphony Solutions се обидуваме да направиме сè што е во наша моќ за да им олесниме на нашите колеги во Украина.

Symphony Solutions секојдневно се грижи за менталното здравје на вработените во Украина. Еден од нашите стандардни бенефити било бесплатни психолошки консултации. Сега, живеејќи во ова страшно невреме, билансот на менталното здравје на симфонијците во Украина е на прво место. Човек никогаш не може да е потполно подготвен за стравот и неизвесноста кои ги носи војната. Затоа, нашите корпоративни психолози се секогаш достапни за личен разговор. Згора на тоа, се одржуваат и редовни групни сесии “Talk to Me” за украинските симфонијци на кои им е потребна дополнителна поддршка во справувањето со стресот.

Дури и еден од нашите вработени имаше поинаква идеја за тоа како тој лично може да помогне. Александар Гацевски е познат во Symphony Solutions како чувар на безбедноста на нашите податоци. Но, и како страствен спортист – параглајдерството е негова најголема љубов. Сега Александар се нуди да земе тројца негови колеги од Symphony Solutions кои доаѓаат во Македонија на параглајдерска авантура. 

“Среќен сум што можам да овозможам три бесплатни летови за бегалците од Украина кои сега престојуваат во Македонија. Ќе се обидам барем за миг да им го разубавам денот и да им го подигнам духот колку што можам.” – вели Александар Гацевски, виш специјалист за SecOps  во Symphony Solutions. 

Александар претходно ни зборуваше за неговата страст кон спортот, како таа се одразува на неговото секојдневие и начинот на кој е поврзана со неговата работа како Офицер за безбедност и зашита на лични податоци.

“Летањето ми помага да ги препознаам моите слаби точки како личност за подоцна да можам да се надградувам”, вели Александар Гацевски за параглајдерството во интервју за ИТ.МК.

Војната го нарушува нормалниот тек на животот; луѓето се раселени, инфрастуктурата е уништена, неизвесноста се зголемува од ден за ден. Ги поддржуваме Украинците кои сега се во тешка состојба, помагајќи им да ја вратат надежта за едно подобро утре, и да застанат на цврсти нозе со надеж за подобра иднина за која сите се бориме истовремено. Поддршка за Украина од Symphony Solutions Македонија!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Symphony Solutions . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]