0 коментари 2 мин. читање 12 јануари, 2012

SWTOR влезе во Гинесовата книга на рекорди за најмногу линии на текст и говор

Во најновото издание на Гинисовата книга на рекорди најде место и најновата масовна мулти-плеер видео игра Star Wars: The Old Republic. Според Гинисовата Книга, играта има повеќе линии на текст и говор од било кое дело во забавната индустрија. Играта има повеќе од 200.000 изговорени реченици од над 200 глумци.

Диалогот и приказната се најистакнатиот дел на играта, а се шпекулира дека вкупниот број на глумци за сите подрачја е поголем од 700. Ова е прво поголемо признание за играта, откако стартуваше при крај на 2011-та година, без да се зема во предвид титулата за најбрзо растечката MMО коja LucasArts и BioWare си ја доделија на себе.

Најголем број од глумците веќе имаат прилично големо искуство во синхронизирање на карактери за видео игри и најголемиот дел од нив веќе работел со BioWare на повеќе игри.

Во гејмер изданието на Гинисовата книга на рекорди издвоено е и место за повеќе игри од Star Wars серијалот низ повеќе од 30 години. Во специјалното гејмер издание Гинис ги наведува следните десет игри како „најдобри во галаксијата“:

  • Knights of the Old Republic
  • Lego Star Wars: The Complete Saga
  • X-Wing vs. Tie Fighter
  • Empire At War
  • Rogue Squadron
  • Jedi Outcast
  • Super Star Wars: The Empire Strikes Back
  • Republic Commando
  • Star Wars Arcade
  • The Force Unleashed II
[youtube]1ToztqqDcaY[/youtube]
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top