0 коментари 1 мин. читање

Барселона е првиот европски град каде ќе се плаќа без контакт

Шпанската банка La Caixa и Visa стапија во партнерство да издадат еден милион нови картички во Барселона кои поддржуваат плаќање без допир, односно ќе биде доволно само да се помине со картичкaтa пред надградените 15.000 терминали за плаќање и 500 ATM автомати.

Преку системот ќе може да се наплаќа по 20-тина евра само со мавтање на картичката пред апаратите, овозможено преку RFID чип во картичките, а за секоја поголема сума ќе биде потребно внесување на PIN. Технологијата исто тка ќе поддржува near-field communication (NFC) плаќање со мобилни телефони.

Според La Caixa, се очекува до крајот на февруари околу 50 отсто од потрошувачите во Барселона да имаат ваква картичка.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top