Facebook овозможи да коментирате со вашиот Facebook профил на надворешни сајтови преку мобилен телефон. Плагинот Comments Box кој го има на 400.000 веб сајтови, сега има и мобилна верзија која ќе се појави и на сајтот кога е отворен преку мобилен телефон.
За корисниците ова е добра вест бидејќи ќе можат да комуницираат со своите омилени блогери и сајтови додека се надвор во движење, додека за администраторите на сајтовите добрите вести се што ќе можат коментарите да бидат модерирани.
Facebook вели дека користи алгоритам за „друштвена релевантност“ за да ги открие и истакне најрелевантните коментари од секој корисник.

Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







