Светското фудбалско првенство во Бразил ќе го отвори екзоскелет кој се контролира со умот

во Свет, Хардвер

Првиот шут на Светското фудбалско првенство во Бразил нема да го изведат ниту Пеле, ниту Ромарио, ниту Роналдо, туку егзоскелет со кој ќе управува парализиран тинејџер со мозочните бранови, јавува New Scientist. Проектот со кој ќе започне Светскиот куп е дело на Walk Again Project, а доколку се оди според планот првиот удар ќе го изведе еден од кандидатите кој ќе се покаже како најдобар на тренинзите во виртуелна реалност.

Eгзоскелетот е потпора за долниот дел на телото, а информациите до нозете доаѓаат преку сензори кои се потенки од влакно, и се поставени на главата на корисникот. Повратна врска ќе биде остварена преку сензори во егзоскелетот кои „возачот“ ќе ги добива како вибрации. Оваа повратна врска треба да овозможи движењето да биде природно, а конечната верзија на уредот засега теоретска треба да ги врати овие информации директно на мозокот што ќе овозможи егзоскелетот навистина да биде почувствуван како дел од телото.

„Вибраците ќе го реплицираат чувството на газење на земја, подвиткување на ногата и шут. Вистинскиот предизвик е да се спојат овие сетила со мозочните бранови и движењето. Има толку многу детали во ова, навистина е феноменално.“, вели Гордон Ченг од Техничкиот Универзитет во Минхен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk