Најдобрите работи што се случија во 2013-та година, според Бил Гејтс

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, на својот блог ги сподели најпозитивните моменти од 2013 година во неговата лична листа. Листата на г. Гејтс остава навистина простор за оптимизам, а уште подобро би било овие трендови да продолжат.

Г. Гејтс пишува дека неодамнешните случаи на полио во Сирија, Кенија и Сомалија наидоа на супер брз одговор. Епидемиите се контролираа за половина до времето кое беше потребно пред неколку години. Лансиран е и сајтот Global Burden of Disease кој покажува каква е состојбата со болеститe и залихите на вакцини насекаде низ светот. Донатори се собраа и во Вашингтон овој пат за донации во Глобалниот фонд за борба против ХИВ, туберкулоза и маларија. „Благодарение на овој фонд Кони Муденда од Замбија зема лекови кои дневно чинат 40 центи, дури 80 отсто од заболените со СИДА имаат пристап до лековите за разлика од пред десет години кога биле оставани на улица“.

На средбата во Абу Даби беше постигнат договор светот да се ослободи од полио до 2018 година. А над 30 донатори го поддржаа планот и донираа 4 милијарди долари. Намалена е и сиромаштијата која е опадната на половина од онаа во 1990 година, а трендот е позитивен и во иднина. „Најголем фактор во намалување на сиромаштијата е економскиот развој – развој кој не влијае само на богатите, туку на сите.“, вели г.Гејтс. Намален е и бројот на деца кои умираат во споредба со 1990 година. Смртноста кај децата е намалена за 50 отсто, што е најголема намалување кое е забележано досега, иако за него не беше зборувано многу во медиумите. Извештајот може да го погледнете тука.

„Напорите продолжуваат и во 2014 година, најпрво пентвалентна вакцина која ќе спречува заболување од 5 болести, конечно ќе излезе во Судан које е последната на листат од 73 сиромашни држави кои ќе ја имплементира. За поздравување е примерот на ИНдија која која ги доставува вакцините до сите деца, проценките се дека до 2020 ова ќе ја намали смртноста од овие заболувања за 7 милиони“, вели г. Гејтс.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments