0 коментари 3 мин. читање 21 мај, 2014

Тesla Motors ги објави плановите за светска доминација

Следниот автомобил на Tesla Motors ќе биде спортски фамилијарен автомобил, достапен за сите и поевтин за половина од Tesla Roadster, кој чини 89.000 долари, објави на блог основачот на компанијата Илон Маск. Сепак производството на спортски автомобили е далеку од единствена цел на Tesla Motors, всушност спортските автомобили се начин како да се постигне целта, која е широк избор на возила во најразлични класа и намалување на емисијата на јаглерод диоксид. Компанијата започна со спортскиот Tesla Roadster бидејќи еден од начините за популаризација на електричните возила е да се докаже дека тие можат да се натпреваруваат со најдобрите автомобили на бензин како Porsche или Ferrari.

„Речиси секоја нова технологија на почетокот, пред да биде оптимизирана, е скапа, ова е вистина и за електричните возила. Стратегијата на Tesla е да врезе на пазарот со ексклузивни возила, каде корисниците се подготвени да платат премиум, а потоа да се спушти цената со поголем број на возила и пониска цена со секое следно возило“, објасни Илон Маск.

Најавеното возило ќе чини околу 45.000 долари, но Tesla Motors веќе работи и на моделот кој ќе биде поевтин. Заработката од автомобилите се праќа во развојниот тим кој треба да ги направи следните возила уште подостапни до купувачите. Всушност со секој купен автомобил корисниците инвестираат во креација на поевтин модел кој ќе биде подостапен за сите.

[youtube]fkm00ZffzNM[/youtube]

Дел од скептиците велат дека всушност електричните автомобили многу малку придонесуваат за почиста животна средина. Нивните критики се насочени кон батеријата и потреба од отпади за токсичната батеријата, но и потрошувачката на електрична енергија креирана во термоелектраните со која расте и загадувањето. Г. Маск објасни дека литиум-јонските батерии кои доаѓаат со Tesla возилата не се опасни во депониите. Дополнително постои голем интерес за рециклирање на овие батерии, па по поминатите 160.000 километри, нивното фрлање е исто како и фрлањето на пари. Што се однесува до второто прашање, објаснувањето е малку подолго и можете да го разгледате целосно на блогот, но според презентираните пресметките Tesla може да помине 1,14 km/MJ и има CO2 емисија од 12,6 g/km, за споредба Toyota Prius која е втора на листата загадува речиси трипати повеќе или 35,8 g/km.

Накратко планот на Илон Маск за Tesla Motors е:

  • Креирање на спортски автомобили
  • Користање на заработените средства од овие автомобили да се креира подостапен автомобил
  • Користење на овие средства да се креира уште поевтин автомобил
  • Правејќи го ова компанијата креира автомобили без издувни гасови

[youtube]TQ6tZtGrShg[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top