0 коментари 2 мин. читање 17 март, 2017

Surface Book 2 од Microsoft можеби ќе биде лаптоп

Следниот месец е можно да пристигне новиот Surface Book 2, компјутер од Microsoft. Компјутерот е во фаза на масовно производство, па може да го очекуваме веќе кон крајот на април, јави DigiTimes.

Можеби најголемо изненадување е откажувањето на Microsoft од хибридниот дизајн. Според изворот на DigiTimes, новите компјутери ќе доаѓаа со класичен лаптоп (школка) дизајн. Ова значително ќе ја намали цената на уредот. Од претходната претпоставка на почетна цена од 1.500 долари, новата е пониска и е околу 1.000 долари.

Според Microsoft, високата цена на хибридниот лаптоп е една од причините поради која нема големо побарување. Компанијата во 2016 година успеа да продаде 500.000 Surface Book компјутери. Сега се надеваат дека во 2017 година продажбата ќе достигне помеѓу 1.2 и 1.5 милиони продадени уреди. Доколку се остварат плановите, компанијата би имала 6 милиони прададени Surface Pro уреди до 2017.

https://youtu.be/XVfOe5mFbAE

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top