0 коментари 2 мин. читање 17 март, 2017

Играта Woka Woka на белградското студио Two Desperados, преземена 5 милиони пати

Белградското гејминг студио Two Desperados доживеа огромен успех. Нивната игра Woka Woka, за нешто повеќе од една година е преземена над 5 милиони пати на Google Play. Играта секојдневно ја играат 500.000 играчи, а месечно 2 милиони играчи, јави Startit.rs.

Играта е бесплатна и е клон на Zuma. Со оглед на океанот игри копии на Zuma, жанрот не е едноставен за својување. Токму можностите за оптимизација и постојаното работење на видливоста за играта се клучни за успехот на Woka Woka.

„Користевме разни бесплатни алатки, се обидувавме да пронајдеме клучни зборови, го менувавме описот и името на игратa. Конкретен пример е што името на играта е Woka Woka, но на Google Play се вика Marble Woka Woka. Додавањето на зборот Marble е направено за подобра оптимизација и постигнувнање на подобра видливост. Многу брзo, за околу еден месец видливоста на играта на Google Play, почна да рaстe исклучиво поради измените кои ги правевме на основа на логични заклучоци“, вели Воислав Милутиновиќ, основач на Two Desperados.

Играта е достапна на Google Play и App Store.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top