1 коментар 1 мин. читање

Deja vu сака да ги здружи македонските купувачи на second hand работи

Déjà vu е стартап со едноставна идеја – креирање на единствена онлајн локација каде што ќе можат да се соберат сите заинтересирани за купување и продавање на постара, но зачувана облека. „Second hand“ продавниците не се новитет, но во Македонија не постои заедница, што е токму идејата на стартапот. Да креира заедница и онлајн продавница каде заинтересираните ќе можат да менуваат, продаваат и купуваат стари работи.

Покрај облеката, чевлите, продавницата ќе нуди и можност за продажба на накит, но и останати предмети. Од стартапот се надеваат дека ќе им овозможат на своите корисници да ги испразнат плакарите од облеката која не ја користат, а притоа и да заработат. Во Македонија има неколку продавници за „second hand“ облека, иако за сега нема онлајн локација каде би можеле корисниците сами да ја понудат облеката која не им е потребна. Можеби најголем проблем со кој ќе се соочат во Déjà vu е недостатокот на навика, но и на мал број корисници кои купуваат second hand облека.

Déjà vu е дел од Smart Idea Challenge на New Man’s Business акцелераторот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top